Петра Квитова, една од најдобрите тенисерки во историјата на Чешка синоќа беше нападната со нож во својот дом, но на нејзина среќа не беше посериозно повредена.
26-годишната тенисерка денеска на социјалната мрежа Твитер ја потврди оваа информација и исто така им се заблагодари на сите кои ја поддржаа во овие тешки моменти за неа.
„Сакам на сите кои ми испратија пораки да им се заблагодарам. Како што веќе сте прочитале, бев нападната во мојот дом од засега непозната особа. Кога се обидов да се одбранам, претрпев незгодна повреда на раката. Потресена сум, но воедно и среќна што сум жива. Повредата е сериозна и сега чекам да видам што ќе ми кажат специјалистите, но сите ме знаете дека сум голем борец и нема така лесно да се предадам. Уште еднаш ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, порача Квитова.
Чешката тенисерка моментално е на 11. позиција на ВТА листата, а вчера пред да ѝ се случи оваа незгода, го откажа настапот на Хопкан Купот, поради повреда на нејзината нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.