В сабота (24 декември) во „Подрум“ ќе биде отворена изложбата под наслов „ЗаЕдно“.
-Оваа изложба го означува континуитетот на нашето разбирање на ликовната уметност, континуитет на она што го толкуваме како ликовна мисла, понатаму третирана во дела. Нека е прослава на нашето творење во последните две-три години и желба да се претставиме, да се дружиме и да ја доближиме уметноста на неформален начин. Изложбата е дел од моменталните трагања и личен печат и реакција на темите кои нѐ дразнат. Во иднина продолжува постојаната потрага по нови решенија, колорит, боја, форми, темпо, идеи, цели, заклучок, велат уметниците.
На изложбата ќе може да се видат делата на: Касиопеја Наумоска, Биба Каевиќ, Елена Кичевска, Оливера Кузмановска, Гордана Хаџи Николова Малашев, Игор Љубац, Гордана Винчиќ, Сергеј Дамовски, Стефан Хаџи Николов, Жани Гелевска, Осман Демири, Нина Ниневска, Маја Стефановска, Цветанка Јованова Хермес, Дејан Петровски, Верица Димеска, Јана Куновска, Ема Петрова, Отец Пимен, Симонида Филипова Китановска, Микица Трујкановиќ, Јулијана Гешовска, Андријана Мациев, Лидија Цаковиќ Мојсовска, Александар Пешевски, Мирјана Крстева Массетти, Љубиша Ивановски Лепи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.