| четврток, 6 декември 2018 |

Будуќност подобар од Металург во финалето на регионалната лига

Македонскиот претставник во регионалната ракометна лига за жени, Металург, не успеа да се закити со титулата, по поразот во финалето со 16-30 од апсолутниот фаворит на турнирот Будуќност. Црногорките беа пресилни во финалето во Тиват и ја одбранија титулата.

Натпреварот беше одлучен уште по првиот дел кога ракометарките од Подгорица водеа со 20-8. Во второто полувреме беше поизрамнето, а и тој дел го добија шампионките од Црна Гора со 10-8, па македонската интернационалка во Будуќност, Елена Георгиевска, се радува на шампионскиот пехар.

Клара Волтеринг на голот на тимот од Подгорица бранеше извонредно со 15 одбрани, а Милена Кнежевиќ беше најефикасна со осум постигнати погодоци. Во редовите на ЖРК Металург се истакна Соња Башиќ со седум гола.

Бекот на Металург, Мирјета Бајрамовска,  доби награда за најдобар стрелец во регионалната лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top