Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник направи промена на тренерското столче и за нов предводник го назначи македонскиот стратег Андон Бошковски.
Бошковски последната тренерска авантура ја имаше во женскиот ракометен клуб Роман од Романија, а во кариерата ги водеше уште Работнички, Вардар, Металург и Богданци. На кормилото на Еурофарм Работник, Бошковски ќе ги замени Иван Марковски и Александар Зарков, кои ќе продолжат со работата во клубот на други позиции.
Еурофарм Работник ја заврши есенската полусезона на третото место во Суперлигата, со девет победи, едно реми и четири порази по 14 кола. Во првото пролетно коло, кое се игра во февруари, битолчани гостуваат кај Металург 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.