| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата Пепи Манасков влегува во стручниот штаб на репрезентацијата

pepi-manaskov-2-custom

Легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, ќе биде дел од стручниот штаб на нашата репрезентација на претстојното Светско Првенство во Франција. Ова на денешниот состанок на Управниот Одбор го обелодени селекторот Лино Червар, кој ги откри деталите од претходно најавеното проширување на стручниот штаб. Во стручниот штаб како тренери покрај Илија Темелковски ќе бидат уште и Александар Јовиќ и Пепи Манасков, додека крај Кристијан Кајчевски за физичката подготвеност ќе се грижи уште и Иван Теосављевиќ.

Ќе се удвои и позицијата „тренер на голмани“, каде покрај Ице Соколевски ќе биде и Петар Мисовски, кој ја извршува оваа функција во стручниот штаб на Червар во Металург.

– Делува дека сме многу, дури и повеќе од играчите, но верувам дека со широк стручен штаб можеме да ги оствариме зацртаните цели. Имав разговори и состаноци со кондициските тренери, заеднички работиме и анализираме како можеме за кратко време со волја и желба да оствариме добри резултати – изјави Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top