| четврток, 6 декември 2018 |

По поразот, Червар повторно се правдаше со Македонија: Видете што и се случи без Лазаров

Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар, по поразот од Франција и губењето на сите шанси за пласман во полуфиналето, се правдаше пред новинарите и не издржа повторно да не ја спомене Македонија.

– Хрватска е мала земја, ние треба да сме радосни што можеме волку. Секогаш сме при врвот. Не можам да ви кажам дека ова е неуспех. Нам многу ни недостасуваше Домагој Дувњак, а видете на Македонија што ѝ се случи без Кирил Лазаров. Само ние и тие останавме без најдобриот играч, а видете каде завршија тие, а каде ние, се обиде Хрватот да ја разводни неговата вина за лошиот пласман на коцкестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top