Вчера околу 13.10 часот во Прилеп, М.Б. пријавила дека во текот на ноќта во периодот од 22.00 до 12.45 часот било оштетено возилото „даеву нубира“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на нејзината мајка, паркирано на ул. „Димо Наредникот“.
Од извршениот увид било констатирано дека возилото е оштетено на задниот дел од експлозија на импровизирана експлозивна направа.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од НККР Прилеп.
Повредени лица нема.
Во врска со настанот во ПС ОН Прилеп биле повикани две лица од Прилеп и со наредба за претрес на дом и помошни простории биле извршени претреси кај двајцата. Кај едниот не било одземено ништо, додека кај другиот биле одземени повеќе предмети за понатамошна постапка.
ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.