| четврток, 6 декември 2018 |

Како утеха за поразот во финалето, Холанѓанката Нике Грот е МВП на европското првенство (видео)

nike-grot

Холандската репрезентативка Нике Грот е избрана за МВП на Европското Првенство за ракометарки што се одржува во Шведска. Грот беше избрана за најдобар среден бек на шампионатот од фановите, а воедно од страна на стручното жири беше избрана за најкорисна ракометарка на целото ЕП. Наградата е сосема заслужена со оглед на извонредните настапи на Грот, со кои оваа ракометарка со 30 гола и 30 асистенции помогна Холандија за првпат во историјата да игра финале на едно Европско Првенство (вечерва во борба за златото ќе се сретне со актуелниот првак Норвешка).

Во идеалниот тим на овој шампионат има место и за една ракометарка на Вардар, левото крило Камила Херем, која е еден од главните адути на актуелниот првак во одбраната на трофејот.

Во однос на последното Европско Првенство од пред две години нема промени на три позиции, па така Кристина Неагу повторно е најдобар лев бек, Нора Мерк е најдобар десен бек, додека Шпанката Кармен Мартин е најдобро десно крило.

Најдобра постава на Европското првенство во Шведска:

Голман: Сандр Тофт (Данска)

Лево крило: Камила Херем (Норвешка)

Лев бек: Кристина Неагу (Романија)

Среден бек: Нике Грот (Холандија)

Пивот: Ивет Брок (Холандија)

Десен бек: Нора Мерк (Норвешка)

Десно крило: Кармен Мартин (Шпанија)

Најдобра одбранбена ракометарка: Беатрис Едвиге (Франција)

МВП: Нике Грот (Холандија)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top