| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето во Канада остави илјадници домаќинства без електрична енергија

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b0

Повеќе од 3.000 домаќинства се без електрична енергија во канадската провинција Нова Шкотска поради снегот и силниот ветер. Ветерот се движи со брзина од 60 до 80 километри на час, а снежната покривка достигна до 15 сантиметри. Поради снегот откажани се над 200 летови од аеродромот во Торонто, а на аеродромот во Отава откажани се 30 летови.

Во централните и западните провинции на Канада се усложнува ситуацијата од екстремно ниските температури. Во Манитоба, во Саскачеван и Алберта температурата на воздухот се спушти и до минус 35 степни Целзиусови, а на одредени места поради ветерот температурата се спушти до минус 45. На граѓаните им е препорачано да останат во домовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top