| четврток, 6 декември 2018 |

Металург го освои трофејот во националниот куп (фото)

Ракометарите на Металург го вратија пехарот од националниот куп, во своите витрини по денешната победа од 26-23, во финалето во СРЦ „Кале“, против Зомимак од Струмица.

Фаворитот од Автокоманда постојано водеше во мечот за титулата во купот, но и Зомимак одигра добро во своето прво, историско финале, па неизвесноста траеше цели 50 минути. Во последните десетина минути, Металург ја направи клучната разлика, поведе со 24-20 и до крајот ја одржуваше предноста.

Ренато Вугринец беше незадрлив за одбраната на Зомимак и постигна 9 гола, со што беше најефикасен на мечот. Неговиот клупски соиграч Филип Миркуловски ја доби наградата за најдобар ракометар на турнирот, а Дарко Станиќ заслужи пехар за најдобар голман. Металург во полуфиналето го совлада големиот ривал Вардар со 21-20.

Зомимак кој се проби во завршниот меч за трофејот по победата од 33-29 над Металург јуниор, немаше доволно квалитетни играчи да му се спротивстави на фаворитот од Автокоманда во финалето. Струмичани се држеа добро до последниот период, а Пецаковски и Павловски со по 7 гола му задаваа многу проблеми на Металург. Сепак, поквалитетнито тим славеше победа и го освои 10. трофеј во клупската историја, петти во купот. За утеха на Зомимак, Павловски е најдобар стрелец на турнирот со 16 погодоци.

metalurg-pehar-9 metalurg-pehar-8 metalurg-pehar-7 metalurg-pehar-6 metalurg-pehar-5 metalurg-pehar-4 metalurg-pehar-3 metalurg-pehar-2 metalurg-pehar-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top