| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот селектор Жорди Рибера ексресно го врати Штербик во составот на Шпанија

sterbik-kako-oktopod

Арпад Штербик повторно ќе биде дел од шпанската репрезентација, откако голманот на Вардар се најде на поширокиот список на новиот шпански селектор Жорди Рибера за претстојното Светско Првенство во Франција. Одличниот чувар на мрежата бранеше на ЕП во Полска, но потоа не настапи на предолимпискиот турнир, каде „црвената фурија“ доживеа дебакл не пласирајќи се на игрите во Рио де Жанеиро.

Шпанците дефинитивно со огромни амбиции патуваат на претстојниот мундијал, па Рибера воопшто не размислуваше околу камбекот на Штербик, чие искуство би било драгоцено во битката за медал. Голманот е еден од четирите членови на Вардар кои се најдоа на списокот на Рибера, заедно со бековите Македа, Душебајев и Канељас.

Шпанија е еден од петте противници на Македонија во групната фаза од претстојниот мундијал, заедно со селекциите на Исланд, Словенија, Ангола и Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top