| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Маси како уметнички слики: уметност, дизајн и традиционални творби“ во МСУ

В петок, 16 декември 2016 година, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Маси како уметнички слики: уметност, дизајн и традиционални творби“, која ги прикажува креациите на француските дизајнери што работат за елитни призводители на кујнски прибор. Ќе бидат претставени дела од познати и потврдени, но и од млади француски дизајнери на современ кујнски прибор и прибор од кристал. Оваа изложба, којашто беше поставенa во повеќе земји низ светот и беше високо посетена, се реализира во соработка со Музејот на современата уметност во Скопје.

 Отворањето ќе се одвива во присуство на Антони Лебосе, реномиран француски дизајнер, директор на студиото 5.5 во Париз и почесен гостин на настанот.
Лебосе, пред отворањето на изложбата, во 19 часот, во просториите на МСУ, ќе одржи предавање на тема „Францускиот дизајн низ примерот на познато дизајнерско студио“.
Влезот на предавањето е отворен и за истиот има обезбедено консекутивен превод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top