Моделот Ateca му го донесе на SEAT првото интернационално признание за „ AUTOBEST“ во Европа за 2017 година (“Best Buy Car of Europe in 2017” ). Наградите „Автобест“ се едни од најпрестижните на стариот континент.
По тестирањето во Италија на крајот на ноември, жирито на „Автобест“ кое го сочинуваат специјализирани новинари од 31 земја, ја избра Ateca за најдобар автомобил меѓу четирите други финалисти кои влегоа во крајниот круг од натпреварувањето.
Оваа награда е гаранција за развојот на компанијата којашто вложи голем напор во зголемување на присутноста на SEAT на најважните автомобилски пазари. Стратегијата опфати офанзива со најголема понуда на производи во досегашната историја на компанијата, со лансирање на четири модели за 18 месеци: Ateca којашто веќе е на пазарот, новиот SEAT LEON, петтата генерација на Ibiza и новата SEAT Arona crossover кој исто така ќе може да се купи следната 2017 година.
– Ateca има за цел да создаде врвна позиција за SEAT. Влегуваме во нов пазарен сегмент со производ кој нуди одлично возачко искуство за нашите клиенти и вистински ја претставува нашата ДНК. Ateca го носи брендот на едно повисоко ниво. Оваа награда е потврда дека сме на вистинската патека – изјави Лука де Мео, претседател на одборот на директори на SEAT.
На доделување на наградите, жирито на „Автобест“ ги потенцираше факторите поради кои ја прогласи Ateca како најдобра опција за купување за клиентите: дизајн, удобност, лесно возење, најдобра вредност за парите и најдобра продажно – сервисна мрежа.
– Ateca има совршена комбинација на дизајн, удобност и технологија. Овој автомобил е совршен за урбаната џунгла и со своите теренски способности обезбедува спектакуларно возачко искуство на сите патишта. Токму поради тоа ние искрено веруваме дека Ateca е репер во овој автомобилски сегмент – истакна Матијас Раб, заменик-претседател за истражување и развој во SEAT.
Првиот SUV на SEAT константно ги исполнува сите очекувања и е многу значајно возило за брендот. Не само затоа што му ја отвори вратата кон еден од најдинамичните пазарни сегменти, туку и зашто е возило кое компанијата се стреми да го користи за да се соочи со значајните предизвици на иднината меѓу кои се вбројуваат изнаоѓањето нови решенија и технологии.
Широкиот спектар на различности беше еден од факторите кои што добија највисоки оценки на „Автобест“. Бензинските турбо мотори TSI или дизел моторите TDI испорачуваат моќност од 115 до190 КС, автомобилот може да се добие со погон на предните или на сите тркала со мануелен или автоматски DSG менувач. Како најквалитетни беа оценети и бројните опции почнувајќи од целосни LED светлата до широкиот дијапазон на различни системи за помош при возењето, како што е асистенција за помош во сообраќаен метеж или новиот систем за итно сопирање, како и забавно информативниот систем со осуминчен екран на допир и Full-Link поврзување. Верзијата Xcellence нуди елегантна внатрешна завршница со Alcantara седишта. Што се однесува до безбедноста, на врвот на таа линија е системот за сопирање во град кој ги детектира пешаците и го предупредува возачот за можен судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски ја доби наградата „Golden Oryx “ за најдобар млад џез-музичар
-
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ рамо до рамо со Фестивалите во Берлин, Кан, Сан Себастијан, Торонто и Венеција
-
Ново признание за Ѓоргиев, избран е за настап на јапонскиот ол-стар
-
Од зоната за испаѓање до Лигата на шампионите, Нагелсман е избран за тренер на годината