| четврток, 6 декември 2018 |

Од зоната за испаѓање до Лигата на шампионите, Нагелсман е избран за тренер на годината

nagelsman

Младиот стратег на Хофенхајм, 29-годишниот Џулијан Нагелсман, е избран за најдобар тренер во Бундес лигата за 2016 година. Тој беше именуван во февруари 2016 година на свои 28 години како убедливо најмлад тренер во историјата на германскиот шампионат и успеа да го спаси тимот од испаѓање во минатата сезона, а оваа се бори за пласман вo Лигата на шампионите.

– Почестен сум од оваа награда. Има толку многу колеги кои вршат одлична работа во своите клубови, а признанието го добив јас. Тоа е мотив за уште понапорна работа во наредниот период. Наградата секако треба да ја поделам со моите соработници и со фудбалерите и раководството на Хофенхајм – изјави Нагелсман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top