Македонскиот репрезентативен капитен во одбојка, Никола Ѓоргиев дефинитивно игра сезона за паметење. Откако ја освои двојната круна во Јапонија, закитувајќи се со титулата во Купот и националното првенство, а притоа го понесе и признанието МВП, доби уште една награда откако беше избран за настап на „ол-стар“ натпреварот.
Ѓоргиев заедно со Омрцен ќе бидат единствени странци кои ќе настапат на првиот „ол-стар“ натпревар во историјата на Јапонија, со кој ќе се одбележи 50 години од постооењето на тамошната Прва лига. Учесниците на овој спектакл беа бирано и половично, 14 од фановите и 14 од лигата.
„Ол-стар“ натпреварот ќе се одржи утре во Фукаја Саитама, што за Ѓорѓиев ќе биде како „јаготка на шлагот од тортата„ за официјален крај на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.