Доллолодишниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ја пофали екипата на Рома во пресрет на меѓусебниот судир за викендот. В сабота навечер двете екипи ќе ги одмерат силите во рамки на 17. коло од италијанска Серија А.
– Рома и Наполи заедно со Јувентус покажуваат најубав фудбал во последните неколку години. Нивниот напредок е феноменален, а оваа сезона сè уште посериозни кандидати за титулата во однос на претходните неколку. Тие имаат формирано одлична структура на фудбалери кои играат заедно долго време и секогаш е тешко некој да ги надигра. Рома има одличен тренер, фудбалери и навивачи така да ништо не им фали за да стигнат до Скудетото, вели 38-годишниот чувар на мрежата на Јувентус.
По 16 одиграни кола „старата дама“ е на врвот на табелата со 39 бода, пред Рома која што има 35, која со победа во Торино би се доближила на само -1 во трката за титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.