Шпанскиот дефанзивец и фудбалер во Челси, Сесар Аспиликуета потпиша нов договор со лондонската екипа, кој го обврзува на нови три и пол години.
Шпанецот одигра 199 натпревари во дресот на „сините“, а пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2012 година од Олимпик Марсеј. Тој има освоено еден трофеј во Премиер лигата, Лига Европа и Лига Купот на Англија.
– Навистина сум среќен што го продолжив договорот со Челзи. Откако дојдов тука постојано напредувам како играч, но сакам и да освојувам трофеи. Овој договор ми овозможува да продолжам да ги остварувам личните и амбициите на клубот. Навистина сум среќен што сум тука, само тоа го сакав за иднината на мојата кариера – рече 27-годишниот Аспиликуета.
Челси игра одлично оваа сезона предводен од темпераментниот Антонио Конте и се наоѓа на првото место во Премиер лигата со три бода пред Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.