Селекторот на хрватската ракометна селекција Жељко Бабиќ денеска го објави списокот на ракометари на кои што ќе смета за настап на претстојнотo Светско првенство во Франција. На списокот недостигаат неколку искусни ракометари како крилото на Вардар, Иван Чупиќ, потоа повредениот голман Мирко Алиловиќ, но и Брозовиќ од Кил и Слишковиќ од Веспрем, кои исто така важеа за стандардни репрезентативци.
Бабиќ на нивно место ги повика повртатниците во дресот на „коцкестите“ Жељко Муса, Стипе Мандалиниќ и Сандро Обрановиќ. За разлика од Чупиќ, на списокот на хрватскиот селектор се најде двоецот од Вардар на централната бековска позиција, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Хрватска подготовките за Мундијалот ќе ги реализира во две фази, од 26 до 30 декември во Иваниќ, додека вториот дел ќе биде од 1 јануари во Умаг, каде ќе се одиграат две контролни средби против Црна Гора и еден од нашите противници на СП, селекцијата на Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.