Ракометарките на Металург направија извонреден резултат и со 28-26 ја победија хрватскаат екипа Подравка, за финале во регионалната лига против европскиот гигант Будуќност. Црногорките во второто полуфинале ја декласираа Локомотива од Загреб со 32-15.
Во Тиват, на фајналфор турнирот, македонскиот тим замина како апсолутен аутсајдер, беа поканети во последен час, откако откажа Заечар (не одиграа 3 натпревари во регуларниот дел), а направија сензација со триумф над Подравка. Хрватките беа веќе видени финалисти, но избраничките на тренерот Крсто Петрушевски не се предадоа, туку напротив го победија лидерот во Лигата по регуларниот дел.
Скопјанки одиграа прекрасен натпревар, а најефикасна беше Гроздановска со 7 гола. Првиот стрелец во регионалното натпреварување, Бајрамовска даде 6 гола, по 4 пати прецизни беа Ѓорѓиевска и Младеновска, Митрова постигна 3 погодоци, а двапати во листата на стрелците се запиша Башиќ. Голманката на Металург Јаломитеану бранеше импресивно и одбрани 14 удари на противничките. Во поразениот состав Дамјановиќ постигна 6 гола, а репрезентативката на Хрватска Гаќе даде 5.
Финалето е закажано за денеска од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.