| четврток, 6 декември 2018 |

Заработи 103 милиони долари, а сега краде од автомобили и му се заканува казна од пет години затвор

frencis

Дека парите кои ги заработуваат НБА играчите не ги одвикнуваат од нивните лоши навики, сведочи и последниот испад на поранешниот НБА играч Стив Френсис, на кого му се заканува казна од пет години затвор поради повторено кривично дело. Трикратниот учесник на „Ол стар“ натпреварите е задржан во притвор, по уште едно разбојништво. Имено, полицијата добила повик од келнер на еден ресторан, кој забележал дека Френсис насилно се обидува да влезе во некој автомобил.

Пред тоа поранешниот кошаркар во јануари беше уапсен во Хјустон, поради тоа што возеше под дејство на марихуана. Во тој период тој беше и испитуван поради наводен грабеж на автомобил во Хјустон, од кој бил одземен новчаник, златен накит и пари. Подоцна Френсис ја призна вината и се сложи да врати 7.000 долари.

Стив Френсис во текот на осумгодишната НБА кариера заработи повеќе од 103 милиони долари. Тој го носеше дресот на Хјустон (1999-2004 година), Орландо (2004-2006 година), Њујорк (2006-07 година) и повторно Хјустон (2007-08 година). Во 2010 година краток период настапуваше и во Кина, во тимот на Пекинг Дакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top