| четврток, 6 декември 2018 |

Зомимак на мегдан на Металург за титулата во купот

За првпат во својата историја Зомимак од Струмица ќе игра финале во националниот куп на Македонија во ракомет, а историјата ја испишаа вечерва со победа од 33-29 против Металург јуниор. Струмичани беа фаворити, ја оправдаа улогата, а и втората екипа на Металург одигра одлилно. До самиот финиш беше неизвесно, но поискусниот состав на Зомимак не дозволи изненадување и финале во знакот на Металург.

Утре во СРЦ Кале шампионот Металург ќе игра за прв трофеј сезонава, а Зомимак за историска титула во националниот куп.vardar zomi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top