Најдобриот фудбалер на Романија на сите времиња, легендарниот Георге Хаџи направи интересна и можеби најдобра споредба помеѓу Роналдо и Меси. За најлесно да се прави разлика помеѓу најдобрите светски фудбалери, Романецот го искористи тенисот и имињата на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
– Ја имаме таа чест да уживаме во игрите на двајца одлични фудбалери, кои ќе останат во историјата на фудбалот како едни од најдобрите. Едниот е креативен и има знаење, а другиот неверојатна физичка надмоќ. Можете да имате перфектно тело, но во фудбалот се започнува од вашиот ум. Меси е мајстор во имагинацијата и одлично ја користи својата техника и талент. Кога би направил споредба би рекол дека тие се слични на двајца од најдобрите тенисери на сите времиња. Роналдо е Новак Ѓоковиќ, а Меси е Роџер Федерер – вели поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Стеауа.
Нивното ривалсто трае веќе цела децанија во која дури деветпати ја освоија „Златната топка“ (Меси 5, Роналдо 4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.