| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда за одличната сезона, Ријад Махрез е најдобар фудбалер од црниот континент

rijad-mahrez

Вечерва британски „Би-Би-Си“ ја додели наградата за најдобар африкански фудбалер за 2016 година, а членот на англискиот шампион, Лестер Сити, Ријад Марез, во финалната пресметка го победи фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане.

Алжирскиот репрезентативец зад себе остави сезона од соништата, бидејќи со Лестер ја освои Премиер лигата, ќе игра во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, а од индивидуалните награди покрај оваа за најдобар фудбалер на Африка, се закити и со најкорисен играч во Премиер лигата за сезоната 2015/16.

mahrez-i-ranieri

Наградата му ја врачи неговиот тренер Клаудио Раниери, а претходно од трката за ова признание испаднаа минатиот лауреат, Пјер-Емерик Обамејанг(Габон) како и Јаја Туре (БНС) и Андре Ају (Гана).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top