Од јули досега се забележани 5.927 смртни случаи поврзани со војната против дрогата на Филипините, се наведува во полицискиот извештај што го објави „Си-Ен-Ен“.
Претседателот на државата, Родриго Дутерте, е избран во мај откако неговата кампања се засноваше на намалување на стапката на криминалот, посебно кога станува збор за илегалните дроги. Откако је презеде функцијата во јуни, неговата полиција почна крвава војна против дилерите и корисниците на дрогата, а резултатот е 5.927 лица кои ги убиле полицајците или насилници.
Извештајот го објави националната полиција на Филипни, а се однесува за период од 1 јули до 12 декември. Во полициските операции се убиени 2.086 луѓе, додека во насилните судири се убиени 3.841 лице. Уапсени се повеќе од 40 илјади осомничени.
Потпретседателката на Филипни, Лени Робредо, за „Ројтерес“ изјави дека опозицијата ѝ се противи на владата.
– Многумина од нас се против политиката на претседателот – изјави Робредо, која додава дека незадоволните не сакаат прекин на војната против дрогата, но сметаат дека овој начин е контрапродуктивен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.