Со манифестацијата „Денови на Блаже Конески“, Друштвото на писателите на Македонија ја одбележува 95-годишнината од раѓањето на големиот творец и научник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Програмата ќе се одвива од 16 до 19 декември во знак на почит и признателност кон Блаже Конески чиј опус како поет, раскажувач, есеист, филолог, книжевен научник и преведувач, остави длабоки траги во македонската национална и културна историја.
Централната свеченост под наслов „Средба на генерации“, со учество на 20 поети на ДПМ, ќе се одржи на 19 декември на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Поздравна реч на средбата ќе има деканот на Педагошкиот факултет проф. д-р Емил Сулејмани, а за поетското и животно послание на Блаже Конески ќе зборува претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Веле Смилевски. Програмата ќе ја води Александра Велинова.
Деновите на Блаже Конески ќе бидат збогатени со настап на писатели за деца на 16 декември во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје. На средбата ќе зборува поетот Стојан Тарапуза, претседател на Клубот на писателите за деца при ДПМ „Ванчо Николески“.
Во рамките на одбележување на 95-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, во посебен оддел на веб страницата на ДПМ ќе биде објавен избор од неговата поезија.
Друштвото на писателите на Македонија минатата година го востанови признанието „Повелба Блаже Конески“ што се доделува за врвни творечки остварувања од парадигматски карактер, со трајни белези во развојните процеси на македонската литература и со значајни проблесоци во литературните и културни центри во Европа и во светот. Како што е познато, прв добитник на ова признание беше бардот на македонската поезија, академик Матеја Матевск
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре