Популарните диети заговараат дека шеќерите се само празни калории, што е голема грешка, бидејќи тие се гориво на организмот и не смеат да се изостават од исхраната.
Точно е дека претераното консумирање шеќери го зголемува нивото на инсулин, кој му дава зелено светло на организмот за складирање маснотии, но не есѐ толку црно-бело.
Врвниот фитнес експерт Роберт Ремс објаснува дека зголемувањето ан килограмите поради прејадување со слатки не се случува како резултат на вишок калории, туку на вишок инсулин во крвта.
-Нема врска тоа со калориите, туку со начинот на кој ги јадете слатките. Телото не е банковна сметка, туку лабораторија, вели тој.
Затоа не треба да се обесхрабрвате што ќе ја минете диетата без слатки, зашто има и такви кои се корисни и ќе ви помогнат во текот на слабеењето да бидете задоволни и среќни и да немате чувств дека се откжувате од нешто.
– Исфрлањето на шеќерите од исхраната е неразумен потег, вели нутриционистот Љубиша Кнежевиќ. Клучот е во тоа да научите со слатките кои содржат влакна и протеини да ја блокирате активацијата на инсулинот при консумиорање скатки.
Јогурт
Јогурот е намирница која е клучна во секоја диета. На пример со комбинација на јогурт, кој има 9 грама шеќер, 20 грама протеини и вкупно 120 калории, и една дланка малини или боровници, добивате совршено слатко. Ако сакате да го збогатите, додадете јаткасти плодови, кои се богати со омега-3 масни киселини.
Житни чоколатца
Наместо чоколади јадете чоколатца на база на житарки. Разликата меѓу едните и другите може да биде дури 150 калории, но нема да забележите, зашто се поеднакво вкусни.
Овошје
Овшјето содржи фруктоза, квалитетен шеќер, но и сѐ друго што е добро за вашето тело. Грозјето, на пример, содржи повеќе шеќер, а помалку влакна од другото овошје, па се препорачува во кризни моменти. Ова важи и за сушеното овошје, па затоа бидете внимателни кога го консумирате.
Чоколадо
Една коцка црно чоколадо е полна со антиоксиданси. Млекото ја отежнува апспрпцијата на антиоксидансите од чоколадото, па затоа наместо млечно, јадете црно чоколадо. Освен тоа, содржи само 100 калории.
Сладолед
Замрзнати стапчиња на база на сируп, кои имаат само 100 калории се одлично слатко задоволство кое можете да си го дозволите. Со самото тоа што се лижат побавно одошто млечните сладоледи, ќе ви треба повеќе време да го изедете, а со тоа повеќе ќе уживате во задоволството и со бавното лижење шеќерот нема да дојде во голем бран во вашата крв, а со тоа нема да се поттикне инсулинот да реагира.
Лименка кока-кола
Малку е познато дека, на пример, лименка кока-кола содржи само 140 калории, така што не е смртен грев да испете една во текот на диетата. Освен тоа газираните пијалаци ја зголемуваат физичката активност, така што претставуваат добар извор на енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.