Некогашниот ракометар на Металург и македонски репрезентативец на Светското првенство во Катар пред две години, Ренато Вугринец потпиша договор до крајот на сезоната за израелскиот клуб Хапоел Ришон Лецион.
За 41-годишниот десен бек ова е враќање во Израел, каде што претходно настапуваше за Макаби Ришон Лецион.
Вугринец настапуваше за катарска Лахвија, па долго време ја избираше вистинската понуда за на крајот да се одлучи да настапува во израелската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.