| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши Бундес лигата (видео)

Во последното коло од германскиот фудбалски шампионат беа одиграни неколку интересни натпревари.
Борбата се одвиваше околу место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ) меѓу Фрајбург и Шалке.
Екипата од Гелзенкирхен која се очекува да гостува во Скопје на пријателски натпревар со Вардар, победи 1:2 и со тоа се пласираше во квалификациите на најелитното фудбалско натпреварување во Европа, правејќи им друштво на екипите на Баерн, Борусија и Баер од Леверкузен.
Шампионот на Германија беше познат уште пред неколку кола. Екипата на Баерн од Минхен ја обезебди титулата.
Во долниот дел од табелата Хофенхајм победи на „жешкиот терен“ во Дортмунд и со тоа избори дополнителен бараж-меч за опстанок во лигата.
Од Бундес лигата испаѓаат екипите на Дизелдорф и Гројтерфурт.
Во второто по ранг европско натреварување Лигата на Европа се пласираа екипите на Фрајбург и Ајнтрахт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top