Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар се наоѓа пред големи проблеми околу составувањето на списокот на ракометари на кои ќе смета пред почетокот на подготовките за Светското првенство што ќе се одржи во Франија во јануари.
Проблеми има скоро на секоја позиција, од голман па преку пикер и се до бекови. Се чини дека сепак најголем пех пред стартот на подготовките е повредата на сигурниот во составот Филип Кузмановски кој се здоби со скршенина на десната рака и со сигурност нема да настапи на СП во Франција.
Обидот за натурализација на одредени странски играчи кои настапуваат во домашниот шампионат експресно е одбиен од канцеларијата на РФМ, па по се изгледа можно е враќање на прекалениот борец Филип Миркуловски кој се повлече од репрезентацијата на мечот во Скопје во рамките од баражот против Чешка иако Червар најави целосно подмладување на репрезентацијата.
Сигурно искусниот ракометен волк, може да има уште некој „кец во ракавот“ кој може да биде соопштен уште утре, но не е исклучено и да се чува се до почетокот на подготовките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.