
Засилен северен ветер и провејување на слаб снег се очекува во текот на утрешниот ден и во вторник. Темепратурата ќе се движи од 5 до 12 степени.
Од УХМР соопштија дека утре и задутре се очекува продор на студена воздушна маса од север, што ќе предизвика засилен северен ветер, заладување и на места провејување на слаб снег, особено во северните и западни делови од земјава.
Дневната температура значително ќе опадне, и утре ќе се движи во интервалот од 6 до 12, а во вторник од 3 до 8 степени.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 4 степени, а потоа во среда поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 9 до 2 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


