МЗТ Скопје се уште е без победа на гостински терен сезонава, откако македонскиот првак и на дуелот со Морнар претрпе пораз, овојпат минимален од 65-64. Отсуството на неколку првотимци беше причина за намалена ротација, „металците“ и со комбиниран тим беа близу до камбек во финишот и триумф во Црна Гора, но промашеното слободно фрлање на Клоф се покажа клучно за конечниот исход на оваа средба.
„Лошо ја отворивме средбата, игравме кофузно во одбраната. Не одговоривме адекватно на нивната агресивност, малку поради умор, а малку поради скратениот ростер. Успеавме да се вратиме, но за жал немавме среќа на крајот, одлучи една топка што беше во корист на противникот – изјави Марко Симоновски.
Анте Назор не успеа да го извлече од своите кошаркари максимумот како на претходниот дуел со Будуќност.
– Честитки до Морнар за заслужената победа во натпревар што беше одигран во вистинска кошаркарска атмосфера. Три четвртини не успевавме да влеземе во посакуваниот ритам, домаќините погодуваа тешки шутеви, а ние промашувавме зицери и слободни фрлања – истакна стратегот на МЗТ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.