
Младиот шпански возач во Мото Гран при (ГП) шапионатот, дваесетгодишниот Марк Маркез ја освои пол-позицијата за трката што ќе се вози в недела на патеката Ле Ман.
Тој со својот мотор и со поддршката од тимот „Репсол Хонда“ победи на последниот официјален тренинг кој воедно е и борба за пол-позицијата. Маркез со импресивно возење победи пред сонародникот и поискусен возач, Хорхе Лоренцо.
На третото место се пласираше Андреа Довициозо. Легендата во ова натпреварување Валентино Роси ќе стартува од осмата позиција.
Маркез е и лидер во шампионатот по три извозени трки во најбрзата категорија со освоени 61 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


