На половина ден од одвивањето на избирачкиот процес во државата информациите за излезеност од општина Крива Паланка покажуваат дека гласале 44,76 отсто, а во Ранковце 40 отсто. Од вкупно регистрирани 17.068 граѓани со право на глас, до 13 часот гласале 44,76 отсто.
Воглавно избирачкиот процес се одвива без пречки, но има одредени граѓани кои ги нема во избирачкито список. Утврдено е дека истите имаат нови лични карти, не постари од два месеца и не се пријавиле на време до ДИК за да бидат регистрирани.
-Постапуваме согласно Изборниот законик и во консултација со ДИК ги решаваме пројавените проблеми, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка. Одѕивот на гласачи во општина Ранковце до 13 часот изнесува 40 отсто. До 13 часот гласаа 1224 граѓани од вкупно регистрирани 3074, што изнесува 40 отсто излезеност- информира Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%