| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес до 10 часот гласале 11 отсто од запишаните граѓани

Во општина Велес денеска предвремените парламентарни се спроведуваат мирно и достоинствено, без инциденти. Ова го соопшти Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија.

Во општина Велес на 84 избирачки места ќе гласаат 46.394 гласачи. До 10 часот, своето право на глас го оствариле 11 отсто од гласачите.

Од ОИК ги повикуваат граѓаните најдоцна до 19 часот да излезат на гласање и да го остварат своето граѓанско право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top