| четврток, 6 декември 2018 |

Кочани: До 10 часот гласале 13 проценти од запишаните гласачи

Според податоците од општинската изборна комисија во Кочани до 10 часот гласале 4.352 граѓани или 13 проценти од запишаните 32.933 граѓани со право на глас. Посебни забелешки и нерегуларности не се забележани на терен, изјави претседателската на општинската изборна комисија Далиборка Стојанова.
Во општина Зрновци до 10 часот гласале 263 граѓани или 10 проценти од запишаните граѓани, додека во општина Чешиново Облешево до 10 часот процентот на излезност е 9,7 проценти или вкупно гласале 557 граѓани од запишаните 5716.
И во општина Виница излезноста до 10 часот е 9,3 проценти,односно гласале 1593 граѓани од запишаните 17.071 граѓанин со право на глас.
Од општинските изборни комисии од општините во регионот истакнуваат дека гласањето се одвива без проблеми и одредени забелешки на набљудувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top