| четврток, 6 декември 2018 |

Почна гласањето во Битола и Демир Хисар

Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар утрово потврдија дека почна гласањето за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.

Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места каде гласачките кутии беа отворени точно во 7 часот.

– Во избирачкиот список евидентирани се 82.212 граѓани со право на глас и тоа право ќе може да го остварат до 19 часот, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.

Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ5.

– Точно во 7 часот, утрово беа отворени гласачките места и кутиите на 35 урбани и населени места места во општина Демир Хисар, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top