| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците од Косово и Албанија мотивирани од дадените ветувања масовно пристигнуваат да гласаат

%d0%bc%d1%83%d1%81%d0%b0

Колона од автобуси од Косово пристигнуваат во Македонија за утрешното гласање.

Албанците од Kосово и Aлбанија под организација на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари масовно пристигнуваат да гласаат во Македонија мотивирани од ветувањата кои се дадени за двојазичност и редефинирање на државата.

Според информациите кои кружат на социјалните мрежи, направен е поголем застој поради метежот на граничниот премин Блаце. Причина за тоа се колоната на автобуси од Косово кои пристигаат во Македонија за утрешното гласање.

Меѓу организаторите е лидерот на албанската дијаспора, Муса Љалмари, кој е познат по неговите ставови за федерализација на Македонија, која пак беше една од најчесто споменуваните теми во предизборието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top