Без никакви проблеми се одвива распределбата на избирачкиот материјал и гласањето на болните и немоќните, раселените лица и затворениците во Куманово, соопштија денеска надлежните од Општинската изборна комисија.
– Денеска гласаат 166 лица, раселени и затвореници. Имаме и 212 болни и изнемоштени лица, додека во домашен притвор нема ниту едно лице на подрачјето на општина Куманово, изјави Ненад Саздовски, претседател на ОИК Куманово.
Во Куманово евидентирани се вкупно 90.848 гласачи од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица. Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места.
На подрачјето на општина Старо Нагоричане, навреме е дистрибуиран избирачкиот материјал за 37. избирачки места. Гласањето на болните и немоќните, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане Драган Јовановски, се одвива без проблеми.
И во општина Липково денеска гласаат 107 болни и изнемоштени лица. Избирачкиот материјал се дистрибуира без никакави проблеми во 36 избирачки места,и нформираше Лирим Јашари, претседател на ОИК Липково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%