| четврток, 6 декември 2018 |

Цицлеста Романка му направи проблем на Ѓоковиќ

Светските медиуми со големи букви пишуваат дека австралискиот стручњак ќе го замени Борис Бекер во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Сепак, романската тенисерка Симона Халеп, позната по големите гради, не сака да му го препушти својот тренер на Србинот.

-Го почитувам Новак, како и секој друг спортист. Имаме супер однос, тренираме заедно, Исто така, соработувам со Кејхил, а така ќе биде и во иднина. Нема да има икакви промени, вели Халеп.

Убавата Романка е на 4 место на ВТА, а според неа, за тоа е најзаслужен австралискиот тренер.

-Му верувам, а и тој ми верува. Тоа е најважно. Соработуваме една година и досега не сме се скарале. Секогаш го слушам што ќе ми каже, но и тој ме слуша мене. Важно ми е да знам дека го почитува моето мислење. Позитивно влијае на мене и играм многу подобро откако работам со него. Кејхил се труди тренинзите да ми бидат интересни и на тој начин работата со него ми годи, отсечна е Романката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top