По Алекс Фергусон, Дејвид Бекам, Пол Сколс и некогашниот фудбалер на Јувентус и на француската фудбалска репрезентација Давид Трезеге, го најави своето повлекување по завршувањето на сезоната.
Триесет и петгодишниот француски напаѓач ќе ја заврши кариерата каде и што ја почна – во тимот на Платенсе.
Најдорбрите фудбалски денови ги доживеа во Јувентус, каде што остана десет години и со нив освои две првенства на Италија.
За француската репрезентација тој одигра 71 натпревар и постигна 34 гола.
Беше член на „златната генерација“ на Зинедин Зидан со која стана светски шамион во 1998 година и европски првак две години подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Саем за студии во Франција