| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетирана листата на учесници во нокаут-фазата во Лигата на Европа

liga na evropa

Откако синоќа беа одиграни и последните средби од 6. коло во фудбалската Лига на Европа, познати се 32-те тима што ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза.

Пласман во шеснаесетинафиналето обезбедија двете прворангирани екипи во секоја од дванаесетте групи.

Натпреварите во Лига на Европа ги продолжуваат: Фенербахче, Манчестер јунајтед (од А групата), АПОЕЛ Никозија, Олимпијакос (Б група), Сент Етијен, Андерлехт (Ц група), Зенит Санкт Петербург, АЗ Алкмар (Д група), Рома, Астра (Е група), Атлетик Билбао, Генк (Ф група), Ајакс, Селта Виго (Г група), Шахтјор, Гент (Х група), Шалке, Краснодар (И група), Фиорентина, ПАОК (Ј група), Спарта Прага, Хапоел Бер Шева (К група), Османлиспор и Виљареал (Л група).

На овие ќе им се приклучат и осумте третопласирани од групната фаза во Лигата на шампионите, и тоа: Лудогорец, Бешикташ, Борусија Менхенгладбах, Ростов, Тотенхем, Легија Варшава, Копенхаген и Олимпик Лион.

Извлекувањето на двојките за шеснаесетинафиналето ќе се одржи в понеделник, 12 декември, додека првите средби ќе се играат во февруари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top