| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Треневски: Не е спорно дека сме фаворити, но во модерниот фудбал нема аматери

Сосема очекувано максимално позитивно е расположението во редовите на Работнички пред утрешниот реванш натпревар со екипата на Тре Пене од Сан Марино од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

По победата од 0-1 на гостувањето на првиот дуел, „романтичарите“ атакуваат и на втора победа но без ниту најмало потценување на противникот.

– Ние сме фаворити секако, тоа апсолутно ниту најмалку не е спорно. Победивме 0-1 на гости, но знам дека Тре Пене нема да дојде тука туристички. Нема веќе муабети за “рибари” во модерниот фудбал. Ете вчера беше елиминиран и Глазгов Ренџерс. Што значи на секој натпревар мора да се игра максимално сериозно. Очекуваме секако победа и пласман во следната рунда натпревари. Сигурен сум дека Динамо Минск ќе биде следниот наш противник во Лигата на Европа– истакна на прес-конференцијата пред утрешниот дуел, менаџерот на Работнички, Виктор Треневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top