| четврток, 6 декември 2018 |

Дом и работа за секого – граѓаните ќе си го вратат достоинството

realno

Со вра­бо­ту­ва­ње и обез­бе­ду­ва­ње дом се ре­ша­ва­ат две­те гор­ли­ви жи­вот­ни пра­ша­ња што ги ма­чат гра­ѓа­ни­те на оваа зем­ја. Се­пак, има не­кој што мис­ли на нив и се оби­ду­ва да ги ре­ши овие ос­нов­ни ег­зи­стен­ци­јал­ни проб­ле­ми. Про­гра­ма­та на ВМРО-ДПМНЕ, нас­ло­ве­на „Ре­ал­но“, ве­ту­ва над­ми­ну­ва­ње на те­шко­ти­и­те и соз­да­ва­ње ус­ло­ви во кои се­кој чо­век ќе жи­вее до­сто­инс­тве­но и ќе при­до­не­су­ва др­жа­ва­та да оди на­пред. Освен ра­бо­та и дом, ќе се обез­бе­дат суб­вен­ции за зем­јо­дел­ци­те, ќе се из­гра­ди агро­бер­за и ќе има агро­со­вет­ни­ци, ќе се гра­дат но­ви авто­па­ти­шта за по­до­бра и по­бр­за ко­му­ни­ка­ци­ја и на гра­ѓа­ни­те и на биз­нис­ме­ни­те, и мно­гу по­ве­ќе.

Ус­пеш­ни­от тек на про­е­кти­те „Ку­пи ку­ќа, ку­пи стан“ и „Ку­пи ку­ќа за мла­ди“ до­би­ва свое про­дол­же­ние со про­е­ктот за ку­пу­ва­ње ку­ќа за ли­ца по­ста­ри од 36 го­ди­ни. Са­мо што лу­ѓе­то поч­наа да се пра­шу­ваа зо­што ку­ќа или стан да се обез­бе­ди са­мо за пом­ла­ди­те, до 35 го­ди­ни, при­стиг­на нај­а­ва­та за про­е­ктот кој ги оп­фа­ќа и по­ста­ри­те од 35 го­ди­ни.

– Про­е­кти­те „Ку­пи ку­ќа за мла­ди“ и „Ку­пи ку­ќа за над 36 го­ди­ни“ има­ат ни­за по­вол­но­сти кои тре­ба да се иско­ри­стат за лу­ѓе­то да дој­дат до сопс­твен дом. За про­е­ктот „Ку­пи ку­ќа над 36 го­ди­ни“ се пред­ви­ду­ва суб­вен­ци­о­ни­ра­ње на ка­ма­та­та и глав­ни­ца­та во пр­ви­те 10 го­ди­ни, и тоа во пр­ви­те се­дум го­ди­ни 60 про­цен­ти, а во след­ни­те три го­ди­ни 20 про­цен­ти. ­Ова е про­ект што го не­ма ни­ка­де во све­тот. Ма­ке­до­ни­ја е пр­ва­та др­жа­ва што овоз­мо­жу­ва ва­кви бе­не­фи­ции за сво­и­те гра­ѓа­ни за да мо­жат да дој­дат до сопс­твен дом – нај­а­ви ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Со нај­а­ве­ни­те но­ви 70.000 вра­бо­ту­ва­ња и да­ва­ње­то мож­ност да се дој­де до свој дом, се за­о­кру­жу­ва ре­ша­ва­ње­то на ос­нов­ни­те по­тре­би на гра­ѓа­ни­те. Но, гри­жа­та на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја за до­бро­то на жи­те­ли­те на оваа др­жа­ва не пре­ста­ну­ва ту­ка. ВМРО-ДПМНЕ се гри­жи и за зем­јо­дел­ци­те. Та­ка, освр­ну­вај­ќи се на про­е­кти­те во зем­јо­делс­тво­то во овој пре­диз­бо­рен пер­и­од, Гру­ев­ски спом­на де­ка во след­ни­от че­ти­ри­го­ди­шен пер­и­од ќе про­дол­жи суб­вен­ци­о­ни­ра­ње­то во зем­јо­делс­тво­то, за што се пла­ни­ра­ни око­лу 600 ми­ли­о­ни евра и 35 ми­ли­о­ни евра за ре­кон­струк­ци­ја на во­до­во­ди и за на­ба­вка на но­ва опре­ма и ме­ха­ни­за­ци­ја. Исто та­ка, ќе се про­дол­жи и со чи­сте­ње на нај­мал­ку 100 ки­ло­ме­три ка­на­ли го­диш­но, за што ќе се на­ба­ви со­од­вет­на ме­ха­ни­за­ци­ја во вред­ност од 3,5 ми­ли­о­ни евра. Се нај­а­ву­ва из­град­ба и на агро­бер­за.

– Из­град­ба­та на агро­бер­за­та во ре­о­нот на Де­мир Ка­пи­ја и на Не­го­ти­но е ин­ве­сти­ци­ја од око­лу 20 ми­ли­о­ни евра, ко­ја тре­ба да ја по­до­бри тр­го­ви­ја­та со зем­јо­дел­ски про­из­во­ди и да ги на­ма­ли не­пра­вил­но­сти­те и мал­вер­за­ци­и­те кои им се пра­ват на про­из­во­ди­те­ли­те со на­ма­лу­ва­ње на откуп­ни­те це­ни. Ту­ка ќе мо­жат да се до­не­сат зем­јо­дел­ски про­из­во­ди од це­ла Ма­ке­до­ни­ја, а отку­пу­ва­чи­те от­ту­ка да из­бе­рат и да ка­жат од кој про­из­вод кол­ку ку­пу­ва­ат. Пред­ви­де­но е и отку­пу­ва­чи кои не се при­сут­ни на бер­за­та комп­ју­тер­ски да мо­же да на­пра­ват ку­по­про­даж­ба – ре­че Гру­ев­ски.

Спо­ред не­го, из­град­ба­та на оваа агро­бер­за тре­ба да отво­ри и но­ви ра­бот­ни ме­ста во овој ре­ги­он и ќе би­де мно­гу зна­чај­на и за Де­мир Ка­пи­ја и за Не­го­ти­но.

За след­ни­от ман­дат, по­ме­ѓу оста­на­то­то, се пред­ви­ду­ва и во­ве­ду­ва­ње про­фе­си­о­нал­ни зем­јо­дел­ски со­вет­ни­ци.

– Тие ќе се ба­зи­ра­ат и ќе функ­ци­о­ни­ра­ат на ба­за на ма­тич­ни ле­ка­ри, по ка­пи­та­ци­ја, зна­чи по гла­ва, кол­ку зем­јо­дел­ци ќе се за­пи­шат кај еден зем­јо­дел­ски со­вет­ник, тол­ку ќе зе­ма­ат па­ри. Та­ка што се­кој зем­јо­де­лец ќе мо­же да си од­бе­ре свој про­фе­си­о­на­лен зем­јо­дел­ски со­вет­ник, ако е за­до­во­лен од не­го, ќе про­дол­жи со не­го, ако не е за­до­во­лен, ќе си нај­де друг, ќе го отка­чи пр­ви­от, ќе се за­пи­ше кај друг, пр­ви­от ќе зе­ма по­мал­ку па­ри за тој зем­јо­де­лец, но­ви­от ќе зе­ма по­ве­ќе па­ри. Зна­чи, ќе има ме­ѓу нив кон­ку­рен­ци­ја. Кон­ку­рен­ци­ја ко­ја тре­ба да ги на­те­ра да се бо­рат за зем­јо­де­ле­цот. А, бор­ба­та ќе би­де са­мо пре­ку тоа што ќе му да­ва­ат до­бри зем­јо­дел­ски со­ве­ти и до­бри еко­ном­ски со­ве­ти – ре­че Гру­ев­ски.

Тој по­со­чи де­ка тие зем­јо­дел­ски со­вет­ни­ци пр­во ќе тре­ба да има­ат за­вр­ше­но ви­со­ко обра­зо­ва­ние, Зем­јо­дел­ски или Еко­ном­ски фа­кул­тет, вто­ро, ќе тре­ба да по­ми­нат пре­ку спе­ци­ја­лен курс кој ќе трае не­кол­ку ме­се­ци со обем­ни пре­да­ва­ња од врв­ни пре­да­ва­чи, не са­мо од зем­ја­та ту­ку и од над­вор. По­тоа ќе тре­ба да по­ла­га­ат ис­пит и да до­би­јат ли­цен­ца. За по­ла­га­ње на ис­пи­тот ќе тре­ба да ко­ри­стат и до­маш­на и на­пред­на стран­ска ли­те­ра­ту­ра, ве­ќе во нај­го­лем дел и пре­ве­де­на на ма­ке­дон­ски ја­зик. Ќе тре­ба да поз­на­ва­ат до­бро анг­ли­ски за да мо­же да ги сле­дат пре­ку ин­тер­нет нај­но­ви­те на­уч­ни истра­жу­ва­ња во об­ла­ста на зем­јо­де­ли­е­то и за да мо­же да му пре­не­сат на зем­јо­де­ле­цот што е нај­до­бро.

– Со­вет­ни­кот ќе мо­ра че­ти­ри па­ти во го­ди­на­та да до­а­ѓа на спе­ци­јал­ни но­ви обу­ки за нај­но­ви­те на­уч­ни до­стиг­ну­ва­ња би­деј­ќи на­у­ка­та по­сто­ја­но оди на­пред и тие мо­ра да го др­жат че­ко­рот со тоа за да мо­же да им го пре­не­сат тоа на на­ши­те зем­јо­дел­ци. Ќе мо­ра три до че­ти­ри па­ти за­дол­жи­тел­но да го по­се­тат зем­јо­де­ле­цот, да ги ви­дат не­го­ви­те со­стој­би, ро­дот, има ли проб­лем, ка­ко да се ре­ши проб­ле­мот – по­јас­ни Гру­ев­ски.

За да за­жи­ву­ва­ње­то на еко­но­ми­ја­та, па и зем­јо­делс­тво­то би­де комп­лет­но, по­треб­ни се и па­ти­шта. Во про­гра­ма­та „Ре­ал­но“ се нај­а­ву­ва до­из­град­ба на поч­на­ти­те и гра­де­ње но­ви па­ти­шта.

– Во Ки­че­во ќе го до­из­гра­ди­ме и пу­шти­ме во упо­тре­ба авто­па­тот Ки­че­во – Охрид во пр­ва­та по­ло­ви­на на 2018 го­ди­на, во дол­жи­на од 57 ки­ло­ме­три, ин­ве­сти­ци­ја вред­на 370 ми­ли­о­ни евра. Нај­дол­ги­от ту­нел во Ма­ке­до­ни­ја, во дол­жи­на од 2 ки­ло­ме­тра, ќе се из­гра­ди ток­му на оваа тра­са. Ве­ту­ва­ме из­град­ба и на нов авто­пат Ки­че­во – Го­сти­вар, во дол­жи­на од 42 ки­ло­ме­три. За ре­а­ли­за­ци­ја на исти­от ќе се ин­ве­сти­ра­ат 350 ми­ли­о­ни евра. Ме­ѓу­вре­ме­но, ќе го ре­кон­стру­и­ра­ме ма­ги­страл­ни­от пат Ки­че­во – Го­сти­вар за­тоа што до­де­ка се из­гра­ди но­ви­от, лу­ѓе­то тре­ба да се дви­жат по без­бе­ден пат. Се­гаш­ни­от пат Ки­че­во – Го­сти­вар це­лос­но ќе се ре­кон­стру­и­ра, а па­ра­лел­но ќе се гра­ди нов авто­пат и ќе ги об­но­ви­ме си­те пет мо­ста на оваа дел­ни­ца што се­га е ме­ѓу Го­сти­вар и Ки­че­во во дол­жи­на од 28 ки­ло­ме­три, ин­ве­сти­ци­ја вред­на 8,6 ми­ли­о­ни евра, за об­но­ва на мо­сто­ви­те и за ре­кон­струк­ци­ја на се­гаш­ни­от пат Го­сти­вар – Ки­че­во. Да не­ма за­бу­ни, исто­вре­ме­но ќе се ре­кон­стру­и­ра се­гаш­ни­от пат Ки­че­во – Го­сти­вар, а па­ра­лел­но ќе поч­нат под­го­то­вки и по­че­ток на град­ба на авто­пат Го­сти­вар – Ки­че­во – нај­а­ви ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот е објавен во неделникот Република бр.222

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top