| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ експресно најде замена за Борис Бекер

daren-kejhil

Еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, кој во вторникот ја прекина соработката со Германецот Борис Бекер, наводно, веќе најде негова замена. Ѓоковиќ поради лошата атмосфера во последниот период реши да стави крај на тригодишната соработка со Бекер, со кој освои дури 25 титули.

Според медиумите, новиот тренер на Новак Ѓоковиќ ќе биде Дарен Кејхил. Се работи за поранешен австралиски тенисер, кој настапуваше од 1985 година до 1995 година. Меѓутоа многу повеќе е познат по неговата тренерска работа, во која работеше со Андре Агаси, Лејтон Хјуит и Енди Мареј.

Кејхил во текот на 2016 година ја тренираше Симона Халеп и, наводно, поради договорот со Србинот нема да ја продолжи соработката со Романката. Тој не сакаше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира неговата нова улога.

daren-kejhil-1

– Мислам дека Новак и Бекер имаа одлична соработка. Шест Гран-слема во текот на три години е голем успех. Бекер успеа да го направи Ѓоковиќ ментално и физички јак – изјави Кејхил.

Лејтон Хјуит под палката на Кејхил стана најмладиот светски рекет број 1, додека Андре Агаси, исто така, успеа да се врати на првото место, но како најстар во историјата на тенисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top