Дури и во Струмица, Заев се соочи со дебакл, па мораше на митингот да носи луѓе од други градови за да му го пополнат просторот пред бината. СДСМ вечерва одржа митинг во Струмица, општината со која раководи Зоран Заев цели 11 година.
Иако пред присутните рече дека само струмичани го наполниле плоштадот, сепак ваквите лажни зборови на Заев лесно се разоткриваат, бидејќи во градот можат да се забележат над 30-тина автобуси и 30 комбиња со кои се донесени луѓе да други градови за да се прикаже поголема масовност.
На фотографијата снимена во екот на митингот, се гледа дека на струмичкиот плоштад нема повеќе од 3000 луѓе. Ако се земе во предвид дека 30 автобуси носат 1.500 луѓе, а 30 комбиња 600 лица, се доаѓа до бројка од 2100 лица, што пак укажува на тоа дека на митингот на Заев нема ни 1000 струмичани, кои одамна ги прочитаа неговите лаги.
Штом Зоран Заев, во својот роден град е принуден да увезува митингаши од други градови, како Гостивар, Скопје, Штип, Виница, Радовиш и други општини, тоа покажува дека граѓаните на Струмица му го дале веќе својот одговор што мислат за двојазичноста, федерализацијата, деструктивната политика, но и неговиот начин на водење на општина Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.