| четврток, 6 декември 2018 |

Сè што треба да знаете за хроноисхраната од нејзиниот творец: Д-р Ален Делабо

Го прашавме творецот на концептот на хроноисхрана, д-р Ален Делабо, колку време е потребно за да се забележат првите резултати од хроноисхраната. И не само тоа…

Разговорот го почнавме со прашањето дали хроноисхраната е иста и тогаш кога сакаме брзо да загубиме неколку килограми. „Да, возможно е брзо губење килограми со овој вид исхрана“, одговара д-р Делабо. „Сепак, истакнувам дека тоа може да трае најдолго четири недели и дека треба да биде придружено со консумирање витамини и додатоци во исхраната. Прва последица од хроноисхраната, доколку се придржувате до упатствата, е тоа што човекот почнува да се чувствува добро уште во првите денови. Ако се применува правилно, се губат од 500 г до 1 кг неделно. Во случај на забрзана програма, можат да се загубат до 2 кг неделно.“

3 ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА ХРОНОИСХРАНАТА

Во современиот начин на живот, кој е забрзан и полн со обврски, доста е тешко да се придржуваш до прецизно време на исхраната, па како да го решиме овој проблем?

Рестриктивните диети бараат прецизно време на јадење, хроноисхраната совршено се приспособува на секоја ситуација, без разлика дали станува збор за дневна или за ноќна работа. Сигурен сум дека здравствените работници што поминале обука кај мене ги формулираат програмите на хроноисхрана приспособени на разни начини на живот.

Дали овој начин на исхрана можат да го практикуваат вегетаријанци и вегани?

Во менито преовладуваат продукти од животинско потекло… Но сосема е возможно вегетаријанец да ѝ се приспособи на програмата на хроноисхрана што му одговара, под услов, се разбира, да се согласи да внесува доволно протеини за да се воспостави рамнотежа во организмот.

Консумирањето млеко и млечни производи е исто така ограничено. Зошто, кога се знае дека во хроноисхраната сирењето и путерот се дозволени за појадок?

Ограничено е консумирањето млечни производи што содржат лактоза и/или фактор на раст. Оние што не ги содржат (кашкавал, павлака, сирење) се препорачуваат, но под услов да се јадат наутро и да не се претерува со количеството павлака и путер во јадењата.

Дали е вистина дека не треба да се комбинираат протеини и јаглехидрати во ист оброк?

Не е точно дека јаглехидратите не треба да се јадат со месо. Бавните шеќери, содржани во јаглехидратите, се многу корисни за моментално трошење енергија, исто како што е мошне корисно да се појадува сирење со леб. За појадок, како и за ручек, потребно е да се исклучат брзите шеќери, кои смеат да се јадат само за ужина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top