| четврток, 6 декември 2018 |

„Сибир го напаѓаат вонземјани“: Голема сина топка испаничи илјадници жители (ВИДЕО)

Необична појава ги испаничи жителите на далечниот Сибир. Пред неколку дена забележале феномен, за кој се исплашиле дека е напад на вонземјани, па фотографиите од големата сина топка ги споделиле на Твитер.

„Готови сме, не напаѓаат“, „Само вонземјани можат да панрават вакво нешто“ – се шири  паника по социјалните мрежи, а целава мешаница ја објави Сајбиријан тајмс, но за да пропадне мистеријата, се погрижи Министерството за одбрана на Русија.

„Лансиравме балистички проектил Топољ-М од рампата за лансирање Плесецк во севоерозападна Русија“, објави Министерството на Фејсбук.

Ноќта на небото се очекувала исклучително силна поларна светлина, но дека тоа ќе биде олку голем спектакл, никој не се надевал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top