Од скоро, на американскиот пазар на недвижнини се најде и ранчот Стардаст. Се работи за ранч на површина од околу 4 хектари, кој се продава по прилично висока цена од 5 милиони долари. Се наоѓа во блиската околина на Феникс, а вклучува и куќа со површина од околу 320 квадрати, со внатрешен базен, а интересно е тоа што неговиот сопственик вели дека таму имал повеќе посети од вонземјани.
Џон Едмондс (сопственикот) веќе е изморен од борбата со нив, и наводно затоа и решил да го продаде имотот. Вели дека во последните 20 години бил киднапиран во многу наврати, и дека во исто толку наврати вонземјаните му правеле медицински експерименти. И жена му била злоставувана од истите тие „гадови“, вели, најмалку неколку пати.
Имотот го купил за да направи резерват за коњи – ги згрижувал напуштените, повредените и малтретираните. Но според него, вонземјаните и нив ги злоставувале, а неколку биле најдени и искасапени.
– Тука убив најмалку 19 вонземјани. Почнавме да имаме чудни искуства безмалку уште од денот кога се доселивме, раскажува Едмондс. Еднаш вонземјаните дури и ја левитирале жена му од креветот кон паркингот, во обид да ја земат во нивниот брод. Било како во сцена од филм, со конусно светло и почнала да лебди нагоре кон бродот. Џон дотрчал, отворил оган, па некако успеал да ја спаси.
Многумина ќе речат дека Едмондс е помалку луд, но познавајќи ги Американците, нема да чуди да најде купец за неговиот ранч кој ќе му плати неколку милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)