Алил Демири и Агим Исмаиловиќ немаат косовоско државјанство. Според Вечер ваквата информација ја потврдиле од Косовското МВР.„Вечер“ побарал одговор од косовското МВР дали и кога Демири и Исмаиловиќ поднеле барање за косовско државјанство и кога им било одобрено, на што било официјално одговорено во текот на истиот ден. Во дописот од косовското МВР стои дека двајцата монструми никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово.
„Со ова паѓаат во вода шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ се и косовски државјани и дека тоа е единствената пречка за нивна екстрадиција. Овие шпекулации ги потврди и подгреа лично косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, кој во средата изјави дека Косово не екстрадира свои државјани и дека монструмите имаат двојно државјанство. Косовските власти не ги екстрадираат Демири и Исмаиловиќ и пласираат лажни информации во јавноста дека двајцата наводно имаат двојно државјанство. Но, и нашето Министерството за правда молчи и не изврши дополнителен притисок или пак не ги искористи “одличните односни и комуникација” со Косово, кои безброј пати досега беа истакнати“ – пишува во текстот објавен во утрешното издание на Вечер.
Косовскиот министер за правда, Хајреин Кучи рече дека Косово не ги испорачува своите државјани.
Сега се поставува прашањето зошто Косово не ги екстрадира двајцата монструми и одлучи да ги држи во притвор и да им суди за далеку поблаго кривично дело во Приштина и која е вистинска цел зад оваа постапка, но и зошто не се придржуваат и го игнорираат договорот за екстрадиција што беше потпишан пред неколку години.
Демири и Исмаиловиќ до крајот на месецот треба да се појават во приштинскиот суд, бидејќи се обвинети за недозволено држење на оружје и повеќе од сигурно е дека ќе бидат осудени, што само ќе ја пролонгира и онака неизвесната екстрадиција во Македонија.
Според сите правници и експерти делото за кое се товарат во Македонија, петкратно убиство, односно тероризам, е доволно само по себе Косово да ги екстрадира Демири и Исмаиловиќ дури и ако имаат косовско државјанство.
Затоа станува очигледно дека Косово им пружа заштита на двајцата монструми, собира дневни политички поени, повикувајќи се и раководејќи се на етничката припадност, а во јавноста пласира информации и изјави за наводна борба со организираниот криминал и меѓународна соработка.
„Вечер“ пишува и за вината на македонското министерство за правда. Од Кабинетот на министерот Блерим Беџети ниту еднаш не излегоа со информација дека Демири и Исмаиловиќ немаат двојно државјанство, нешто што можеа да го проверат со еден телефонски повик. Тој за дневниот весник изјавил:
– Министерството за правда ги презема сите постапки како за сите други случаи, така и во наведениот случај. Во комуникација сме со Министерството за правда на Косово, се уште не сме официјално известени. Но, по сознанијата што ги имаме, факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите кои се тема на ова прашање за екстрадиција. И факт е дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. После ќе добиеме и одговор за екстрадицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги