Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден убедлив пораз во Еврокупот, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загуби од рускиот клуб Нижњи Новгород со убедливи 82-97. Повторно одбраната не беше на задоволителното ниво, а без цврста игра на домашен терен – нема ниту триумф. Ако е за мало алиби, треба да се спомене дека тренерот Назор ги немаше на располагање за овој меч Ксавиер Темс, Ѓорѓе Дреновац и Стефан Синовец.
Нижњи Новогород уште во првата четвртина најави дека е заинтересиран за триумф, добивајќи ја со 12-26. Потоа се беше многу полесно за рускиот тим. На полувремето гостите заминаа со 18 поени предност (34-52), што релативно лесно и успешно ја одржуваа до самиот крај на мечот.
Јуре Лалиќ со 23 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром, Шарлон Клоф уфрли 15, а по 14 поени запишаа Адем Мекиќ и Даниел Кларк.
Деандре Кејн со 22 поени го предводеше тимот на Нижњи Новгород.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.